Stellantis и Foxconn ќе соработуваат на високо-технолошки решенија – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Stellantis и Foxconn ќе соработуваат на високо-технолошки решенија

Новата стратешка соработка меѓу гигантите Stellantis и Foxconn ќе се фокусира на технологиите во автомобилите.

Двата гиганти – едниот автомобилски, другиот технолошки – попишаа необврзувачки меморандум за соработка да креираат заеднички ентитет кој ќе се вика Mobile Drive. Двете компании ќе имаат еднаков удел во новиот заеднички ентитет, а неговата цел ќе биде „да го забрза развојот и да воведе иновативни кориснички искуства во автомобилите преку напредни електронски системи, интерфејси и услуги кои ќе ги надминат очекувањата на корисниците.“

Понатаму, додаваат дека Mobile Drive ќе ги комбинира експертизите на Stellantis за инженеринг и дизајн, со огромното искуство на Foxconn со паметни телефони и кориснички уреди. Според нив, ова ќе воведе „нова димензија на информациски и инфо-забавни можности во автомобилите кои ќе бидат поврзани во и надвор од автомобилите во кои се инсталирани.“

Mobile Drive ќе се фокусира на „развој на инфо-забавни, телематски и напредни комуникациски системи, а иновациите ќе користат вештачка интелигенција, 5G комуникација, надградени over-the-air услуги, можности за е-комерција и паметна интеграција во кокпитот во автомобилот“. Со оглед на големината како на Stellantis, така и на Foxconn – можеме да очекуваме навистина интересни технологии!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.