full screen background image
Search

Не ви треба голем автомобил за кампување – MINI претстави кровни шатори за Cooper SE и Countryman All4 PHEV

Сакате да кампувате но немате доволно големо возило? Всушност, имате MINI? Тогаш токму MINI го има решението за вас!

Mini ги претстави новите кровни шатори за два неочекувани модели – плаг-ин хибридниот Mini Countryman All4 (нашиот тест тука) и електричниот Mini Cooper SE (нашиот тест тука). Шаторите не се огромни – но има доволно простор за двајца да можат да кампуваат во релативен комфор, без да мораат да влечат приколка или пак да монтираат надворешен шатор.

Шаторите се поставуваат на кровните носачи и лесно се отвораат. Механизмот е делумно автоматизиран, а влегувањето и излегувањето се прави преку скала. Во шаторите има место за двајца, а има и отвори за вентилација (кои се со вградени мрежи против комарци). Дополнително, од Mini напоменуваат дека Cooper SE е единствениот електричен автомобил во сегментот за кој може да се нарачаат кровни носачи.

Шаторите и сета потребна опрема може да се набави преку Mini Original Accessories програмата. Ајде да кампуваме!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.