full screen background image
Search

Citroën го произведе милионитиот C3 од третата генерација!

Тековната генерација на C3 која неодамна беше освежена, за прв пат беше лансирана во 2016 – и веќе се произведени еден милион примероци!

Привлечниот дизајн, врвниот комфор, ефикасните мотори и скоро неограничените можности за персонализација го прават C3 особено популарен кај купувачите. Тоа се докажува преку навистина огромната побарувачка – C3 е меѓу најдобрите 7 „играчи“ во Европа минатата година, но истовремено е меѓу топ 3 најпродавани возила на големите пазари како Франција, Шпанија, Италија, Белгија, Португалија, Данска, Словачка и Бугарија.

Овој комерцијален успех го потврдува неговиот статус како најпродавано возило на францускиот бренд. Агилно градско возило и симбол за ,,љубов на прв поглед”, третата генерација на  Citroën C3 поседува многу вредности. За да го задржи овој успех и да се продолжи приказната, Citroën го освежи во 2020 година, преку надополнување со кое го прави да биде различен и привлечен:  уникатен идентитет со воведување на нов преден лик и идентитет за марката, повеќе можности за персонализација, уште понагласен комфор грст модерна опрема која го олеснува животот на дневна основа.

Секако, огромна улога играат можностите за персонализација – од Citroen напоменуваат дека C3 има уникатен став, различен графички потпис и единствена морфологија во многу стереотипниот пазар.

Со своето лансирање во 2016 година, C3 e првиот модел кој на своите клиенти, директно во срцето на пазарот, им понуди сеопфатни и доследни можности кога станува збор за персонализација. Таа одлика ќе стане показател за позиционирање на Citroën во споредба со останатите во гамата. Во 2020 година, новиот C3 отиде чекор понапред, со надополнување на опциите за клиенти кои се во потрага по возило кое ќе се совпадне со нивните визии, нудејќи 97 можности за персонализација.

Поврзано:   Новиот Citroën C3 Aircross SUV пристигна во Македонија!

Персонализацијата му овозможува на секој клиент да го изрази својот карактер и стил со избор на надворешност, започнувајќи од трендовски, па се до дискретен изглед и можност од ултра-модерни па сè до класични бои со контрастни бои на покрив или додатоци во боја. Секој клиент може да создаде свој уникатен C3 кој не наликува на ниту еден друг автомобил помеѓу 999,999 останати.

При креирањето на нивниот C3, купувачите можат да изберат меѓу 7 бои на каросеријата, 4 колор пакети со додатоци во боја и Airbumps, 4 бои на кровот и 3 различни кровни декорации со црвена, techwood или Emerald графичка тема. Интересни се и статистиките – од еден милион досега произведени примероци, 41% се во повисоко Shine или Shine Pack ниво на опрема, 65% се во двобојна комбинација и дури 68% од купувачите ги одбрале и страничните Airbump панели!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.