Red Dot и iF награди за новиот Kia Sorento – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Red Dot и iF награди за новиот Kia Sorento

Новиот Kia Sorento освои уште две глобално реномирани награди – Водечкиот SUV на Kia е добитник на наградите Red Dot и iF Award за дизајн.

Со овие најнови признанија, марката Kia ја продолжува својата извонредна серија на успеси во двете конкуренции. Kia Soul беше првиот модел што доби Red Dot во 2009 година, а во текот на годините, уште 26 модели на Kia ја добија посакувана „црвена точка“. Во натпреварите за iF Award, бројот на наградувани возила на Kia се искачи на вкупно 21 со новиот Sorento.

Наскоро по премиерата минатата година, новиот Sorento беше почестен за неговиот извонреден дизајн во натпреварот за „Автомобил со погон на сите тркала за 2020 година“ од Auto Bild Allrad. По кратко време, ја доби најважната германска автомобилска награда, „Златен управувач 2020“ во класата „Големи SUV изведби“, а во март годинава беше изгласан за „Светски автомобил на жените за 2021 година“ во категоријата „Голем SUV“.

Новата генерација на Sorento е создадена помеѓу двете дизајн студија на Kia. Карим Хабиб, раководител на центарот за глобален дизајн, коментира: „Кога го дизајниравме новиот Sorento, се обидовме да ја развиеме робусната естетика на претходните генерации притоа применувајќи поголем степен на префинетост и елеганција. Навистина, концептот на „рафинирана смелост“ го инспирираше целиот процес – со резултат да биде зрел и избалансиран, но и сигурен дизајн. Воодушевени сме што престижните награди како Red Dot и iF го препознаа ова дело“.

Извор: PR Kia



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.