MINI подготви освежување за моќниот John Cooper Works – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

MINI подготви освежување за моќниот John Cooper Works

Моќниот MINI John Cooper Works и понатаму е придвижуван од 2-литарски турбо-бензинец кој испорачува 231 коњскa силa и 320 Nm вртежен момент!

Од MINI кажуваат дека со освежувањето, JCW добива свеж залет за екстремното уживање во возењето. Моќниот MINI JCW стандардно доаѓа со 2-литарски турбо-бензинец кој испорачува 231 коњска сила и 320 Nm вртежен момент, кои пак му овозможуваат да забрза до 100 километри на час за 6.3 секунди, односно само 6.1 секунда кога е опремен со 8-брзинскиот Steptronic автоматски менувач.

Освежувањето носи нова, поголема предна маска со нови отвори за воздух, нови декоративни елементи од страните и нов дифузер на задниот дел. Освежувањето го заокружуваме со нов издувен систем со 85-милиметарски цевки, а стандардно MINI JCW добива и посилни сопирачки со црвени шепи. Секако, MINI JCW се издвојува и со поцврста спортска суспензија, а сега е достапна и адаптивна суспензија со прилагодливи амортизери.

Кабината добива ситни измени, но најважниот новитет е новиот 8.8-инчен мултимедијален уред кој доаѓа со најновиот оперативен систем на BMW групацијата. Оние кои сакаат дополнителна персонализација можат да нарачаат и John Cooper Works Trim пакет кој додава сјајно-црни декоративни елементи, црна кожа и уште неколку други опции.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.