„Гром понуда“ за Opel Corsa! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

„Гром понуда“ за Opel Corsa!

Од новиот застапник за Opel во Македонија, Србија, Косово и Црна Гора и Албанија пристигна и првата специјална понуда – Гром понуда за Opel Corsa!

Шестата генерација на Opel Corsa е вистинскиот автомобил за секого – и сега можете да ја добиете во понуда со бензински мотор со 75 коњски сили и „EDITION“ ниво на опременост за 12.990 €!

Оваа понуда е достапна ширум дилерската мрежа на Опел – Аутомакедонија во Скопје, Ауто Цем во Тетово, но и во Еуроимпекс – генералниот увозник за Opel во Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија.

Од Opel порачуваат –  „Запознајте го германскиот градски автомобил подготвен за иднината, комбинација на забава при секојдневното возење и возбудлива технологија. Кога станува збор за перформанси во возењето и ниска емисија на CO2, моторите на Corsa се во првите редови! А сега имате избор помеѓу бензин, дизел и електрична верзија.  Без разлика што ќе одберете, Corsa секогаш нуди динамично, непречено, економично и ефикасно возење. Да, забавно е да се зборува за овој модел. Но, уште позабавно е да се вози!“

Закажете тест возење на следниов линк: https://www.opel.mk/tools/opel-baranje-za-test-vozenje.html

За повеќе информации обратете се во Еуроимпекс или дилерската мрежа во Скопје – „Аутомакедонија“ и „Ауто Цем“ – Тетово. Секако, можете да го прочитате и нашиот тест на новата Opel Corsa.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.