Официјално: Pagani Huayra R доаѓа со атмосферски V12 со 850 кс! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Официјално: Pagani Huayra R доаѓа со атмосферски V12 со 850 кс!

Pagani го претстави екстремниот хиперавтомобил наменет исклучиво за тркачките патеки, базиран на моделот Huayra.

Целосно редизајнираниот, природно аспирираниот 6.0-литарски V12 бензинец е „најлесниот, најсилниот и најефикасниот тркачки V12 мотор кој некогаш бил создаден“ – тврдат Pagani. Тој произведува 850 кс и 750 Nm вртежен момент.

За развивање на моторот биле потребни повеќе од две години. Тој е усовршен да работи до 9000 врескачки вртежи во минута, тежи само 198 килограми и користи систем со директно вбризгување со притисок од 200 бари, кој ги оптимизира перформансите со тоа што обезбедува максимална ефикасност во поглед на термодинамика.

Моторот е усогласен со шест-степена секвенцијална трансмисија, која тежи само 80 килограми и е составена од три метални тркачки синтер спојки. Според Pagani, таа овозможува екстремно брзи промени на степените.

Huayra R користи нова монокок шасија која ги инкорпорира најновите композитни технологии и ги интегрира седиштата за максимална заштита. Автомобилот исто така има специјална странична структура која ќе ги апсорбира силите при судир, заштитен кафез и уникатна предна рамка дизајнирана за на тркачките патеки.

Благодарение на сите промени, Huayra R има 16% повисока торзиона крутост, како и 51% повисока свиткувачка крутост во споредба со сериската Huayra. Структурата е исто така екстремно лесна и резултира во намалувањето на целосната тежина на моделот на 1,050 килограми.

Новата каросерија произведува потисна сила од 1,000 килограми при брзини од 320 км/ч. За да се постигне ова, автомобилот е опремен со два нови отвори за воздух кои помагаат за поефикасно ладење на предните сопирачки и го спроведуваат воздухот кон страните на возилото.

Возилото е поставено на APP ковани монолитни алуминиумски фелни во големина од 19 инчни, обвиени во специјални мазни верзии на пневматиците Pirelli P Zero.

Производството на Pagani Huayra R ќе биде ограничено на само 30 примероци, а цената за секој од нив ќе започнува од 2.6 милиони евра.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.