full screen background image
Search

Во салонот на Toyota пристигна големиот хибриден Highlander!

Големиот Toyota Highlander пристигна и кај нас – и со неговото пристигнување, сега и најголемиот SUV на Toyota се нуди и во Македонија!

Highlander е најголемиот SUV кој Toyota го нуди, а во Европа се нуди само со 2.5-литарски хибриден погон кој испорачува 244 коњски сили. Ова е погон базиран на оној кај RAV4, но сепак дополнително доработен за да испорачува уште повеќе моќност. Според Toyota (и официјалните WLTP мерења), Highlander со овој погон троши само 6.6 литри на 100 изминати километри. Секако, дел од приказната на Highlander е и AWD-i интелигентен погон на сите четири тркала.

Инаку, Highlander е навистина голем – долг е скоро пет метри, стандардно доаѓа со седум седишта, а и покрај нив нуди импресивен багажен простор од 658 литри. Спуштете го средниот и задниот ред седишта и на располагање ќе имате скоро неверојатни 1909 литри.

Секако, Highlander добива и многу технологии – па купувачите ќе добијат 12.3-инчен мултимедијален уред со навигација, Apple CarPlay и Android Auto, безжично полнење на мобилен телефон, вентилација на седиштата и многу, многу повеќе. Дополнително, Highlander овозможува неколку различни режими на возење, во зависност од ситуацијата – Eco, Normal, Sport и Trail, а може да вози и како целосно електрично возило.

На нашиот пазар, понудата започнува со Highlander 2.5 Hybrid Executive, кој чини 55.990 Евра. Врв на понудата е Highlander 2.5 Luxury Premium P кој чини 67.490 Евра. За повеќе информации, посетете го салонот на Toyota, или пак официјалната веб-страница.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.