Формула 1: Спринт трки наместо квалификации во 2021 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Формула 1: Спринт трки наместо квалификации во 2021

Зак Браун и Даниел Рикиардо од Мекларен го кажаа своето мислење за предлогот за пробни спринт трки наместо квалификации на три настани во новата сезона во Формула 1. Гласањето треба да се одржи пред првата трка во сезоната во Бахреин на крајот на март.

Извршниот директор на Мекларен – Зак Браун – смета дека разговорите за воведување на спринт трки во Ф1 во 2021 година се охрабрувачки и дека треба да се гледа како на позитивен чекор за спортот. Продолжуваат дискусиите околу можноста за возење на спринт трки во сабота во три рунди во текот на новата сезона. Идејата доби широка поддршка на состанокот на Ф1 Комисијата минатата недела, со конечна одлука планирана пред почетокот на новата сезона следниот месец.

„Сите се позитивно расположени за концептот да се проба нешто ново“ изјави Браун – „Изгледа дека ќе го сториме тоа на две или три трки оваа година.“

Она што е важно е дека овој предлог е поле за фер игра споредено со обратни распореди како што имаше друг предлог или било што вештачко, но сепак да биде доволно различно и интересно, така што ќе се разликува од трката во недела. Работната група влегува во разработка на плановите за реализација.

„Охрабрен сум. Секогаш кога има нешто ново, треба да се проба. Ако функционира, продолжуваме, ако не, ќе го исфрлиме. Мислам дека тоа е само позитивно за спортот.”

Претходните планови за воведување трки со обратен распоред во однос на перформансите беа критикувани од голем број водечки возачи на шампионатот. Но новиот концепт може им ги олесни мислите и на нив, зошто штом ги имаат перформансите ќе имаат и шанса да ги покажат своите јаки страни.

Даниел Рикиардо, седумкратниот победник на ГП и новото засилување на Мекларен, рече: „Отпрвин звучи малку застрашувачки, но чувствувам дека ова е подобро споредено од предлогот со обратен распоред. На крајот на краиштата, ако најдобрите момци и најдобрите тимови сè уште излегуваат на врвот и тоа не е манипулирано или вештачко, тогаш јас сум помалку исплашен овој предлог. Конкуренцијата е она што го сакам, најмногу и би сакал да правам повеќе трки и помалку тренинзи. Сепак најголемото нешто кое би го сакал е победа во Ф1 за да се чувствувам соодветно награден за своите напори, без разлика на спринт трките„.

Кој е предлогот?

Ф1 сака да проба три трки со пократка форма во саботата – „спринт трки“ – во 2021 година, за кои се верува дека се Монтреал, Монца и Интерлагос. Намалени бодови ќе бидат понудени и резултатите од саботниот настан ќе го постават распоредот за главната трка во недела.

Што би се случило со нормалните квалификации?

Ова би се преселило во петок на местото на вториот тренинг, а резултатите од вообичаениот нокаут час во три дела ќе го одредат почетниот редослед за саботната спринт трка.

Зарем претходно не беше дискутирано – и одбиено ова?

На некој начин. И во 2019 и во 2020 година, заинтересираните страни на спортот ја дискутираа идејата за трки со обратен редослед – каде што редоследот на шампионатот ќе се сменеше со обратен распоред од оној на освоените бодови, но никогаш не доби доволно поддршка во ниту една прилика.

Мерцедес беа особено против идејата, сугерирајќи дека овој спорт не треба да гледа вештачки средства за зголемување на нивото на возбуда и непредвидливост, како и да остане врвот на автомобилските трки. Разликата во овој најнов предлог е во тоа што почетниот редослед ќе биде одреден од резултатите на успешноста на спринт трките наместо квалификациите.

Кои се потенцијалните сопки?

Понатамошните дискусии меѓу тимовите, ФИА и Ф1 се одржуваат во претстојните седмици и неизбежно ќе се дискутираат деталите и потенцијалните нелагодности кои би произлегле. Минатонеделното соопштение за ова прашање гласеше: „Сите тимови ја препознаа најголемата важност на придобивање на навивачите на нови и иновативни начини и да се обезбеди уште повозбудлив формат за викенд. Затоа, имаше широка поддршка од сите страни за нов квалификациски формат на некои трки , и работната група има за задача да креира комплетен план за реализација“.

За една година кога буџетската граница е во функција за прв пат, прашањето за резервни делови за поправка на штети веројатно ќе се најде на маса, заедно со пофилозофското прашање дали воведувањето на спринт трки ќе понесе со себе „двајца“ победници во еден викенд.

Кога ќе знаеме повеќе?

Тековните дискусии траат, а Ф1 и ФИА соопштија дека конечната одлука ќе биде донесена пред почетокот на сезоната во Бахреин на 26-28 март.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.