full screen background image
Search

Toyota ќе претстави нов градски автомобил за Европа базиран на платформата на Yaris

Јапонскиот производител потврди дека платформата на Yaris ќе биде искористена за уште еден помал модел, кој најверојатно ќе биде наследник на Aygo.

Со цел да го зголемат производството на мали автомобили над 500,000 примероци годишно, заедно со новиот Yaris и Yaris Cross, новиот модел од А-сегментот ќе биде посставен на истата GA-B платформа.

Под поклопецот ќе биде сместен мал мотор со внатрешно согорување, кој ќе го направи моделот подостапен. Сепак, претходни извештаи навестуваа дека можеби во гамата ќе се придружи и самополнечка хибридна варијанта, додека чисто електрична верзија на батерии не е во план.

Toyota не го најави новиот автомобил од A-сегментот како Aygo, што сугерира дека можеби тој ќе носи друга ознака. Сепак, тоа ќе го дознаеме кон крајот на 2021 или почетокот на следната година, кога се очекува тој да дебитира.

Производството ќе започне во истата фабрика во Чешка, каде што се произведува актуелниот Aygo. Неговите Француски „полу-браќа“ Peugeot 108 и Citroen C1, нема да доживеат наредна генерација, според планот на PSA групацијата од 2018.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.