Вечерно Кино: Нов трејлер за Fast 9 со уште повеќе акција! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Вечерно Кино: Нов трејлер за Fast 9 со уште повеќе акција!

Популарната франшиза на холивудски филмови исполнети со автомобилска акција објави ново најавно видео за претстојниот 9ти филм.

Како што се сеќавате, Fast 9 најпрво беше најавен дека ќе дебитира минатата година на 22-ри Мај, но подоцна беше презакажан за 28ми Мај оваа година. Не е сигурно дали датумот ќе остане за сигурно, но новото видео е добар знак дека премиерата наближува.

Од она што можеме да го видиме во краткото видео, во филмот ќе се користат моделите Nissan Skyline GT-R R34, Dodge Charger, Noble M600, Toyota GT86 и Datsun 240z.

Погледнете го видеото и уживајте!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.