Пристигна кросоверската изведба на Tipo – новиот Tipo Cross! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Пристигна кросоверската изведба на Tipo – новиот Tipo Cross!

Со неодамнешното освежување на Tipo, Fiat во гамата го воведе и Tipo Cross – и токму оваа верзија пристигна прва во салонот на Fiat во Скопје!

Новиот Tipo Cross е интересен новитет во гамата на италијанскиот модел. Покрај, хечбек, седан и караван, сега Tipo ќе може да се добие и како тренди кросовер со робустен лик. Со неодамнешното освежување, Tipo доби значителни измени – нови LED предни светла, освежена кабина со нови материјали и нови технологии, нов дигитален дисплеј пред возачот како и нов UConnect мултимедијален уред на централната конзола.

Но Tipo Cross оди чекор понатаму, па добива и повисока суспензија, засебни браници со заштитни панели, како и уникатни материјали во кабината. Особено ни се допаѓаат убаво-профилираните седишта обвиени во специјален штоф кои имаат и Cross ознаки. Tipo Cross добива и 17-инчни тркала, кровни носачи и уште неколку други додатоци кои го издвојуваат од остатокот на Tipo-гамата.

Интересен новитет кој вреди да се напомене е декa Tipo е првиот модел на Fiat (по новиот, електричен Fiat 500) кој го на предната маска го добива новото, редизајнирано лого на италијанскиот бренд – а токму ова кажува колку значење му дава Fiat на овој модел.

Освежениот Tipo може да се добие со 1.6-литарски Multijet со 120 коњски сили, или пак 1.3-литарски Multijet со 95 коњски сили. Новитет во гамата е 1-литарскиот GSE турбо-бензинец со три цилиндри кој испорачува 100 коњски сили, а во понудата останува и добро-познатиот 1.4-литарски атмосферец со 95 коњски сили.

Tipo Cross веќе може да се погледне во салонот на Fiat!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.