Mercedes A-Class е најбараниот премиум модел од Ц-сегментот во Европа во 2020 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mercedes A-Class е најбараниот премиум модел од Ц-сегментот во Европа во 2020

Побарувачката на премиум компактни автомобили се намали за 20% во Европа во минатата година, но како најуспешен од сите се издвои моделот Mercedes A-Class.

Бројката на продадени возила изнесува 449,200 примероци, од кои 73% беа хечбек изведби. На првото место триумфираше Mercedes A-Class со продадени 126,271 автомобил, а зад него со речиси 20.000 помалку продажби се најде BMW Серија 1.

На третото место се најде новата генерација на Audi A3 со 40,296 примероци, веднаш пред моделот во заминување оствари 35,499 продажби. На петтото место се најде моделот Alfa Romeo Giulietta во последните месеци од нејзиното производство со продадени 11,030 возила.

Седан верзиите имаа удел од 23% од целосната бројка на продадени возила и забележаа зголемување на продажбата за 24% во однос на 2020 година.

На првите две места како најуспешни се издвоија моделите на Mercedes – CLA и A Class со продадени 37,522 и 31,464 примероци редоследно. Моделот BMW Серија 2 заврши на третото место со речиси 50% помалку продажби.

На четвртото место се најде генерацијата во заминување на Audi A3 со продадени 8,409 возила, додека новата генерација ја започна првата година на производство со продадени 7,341 автомобил.

Купе/кабрио изведбите беа заслужни за само 4% од вкупно продадените возила од овој сегмент, како последица на нивното опаѓање на продажбата од 34% во однос на минатата година.

Најбарана беше BMW Серија 2 купе со 10,372 продажби, пред нејзината кабрио верзија која се продаде во вкупно 4,862 примероци. Веднаш за неа се најде и кабрио изведбата на Audi A3 со продадени 4,791 автомобил.

Извор на сликитe: @carindustryanalysis



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.