Лимаро-фарбарскиот сервис кој е дел од Ми-Да Гранд Моторс постои веќе 15 години, па зборувавме со Михаил Терпини, раководителот на овој оддел – за подобро да ги запознаеме предизвиците и постојаната борба да се освои и задржи довербата на клиентите.
Михаил Терпини е раководителот на лимаро-фарбарскиот сервис во Ми-Да Гранд Моторс и работи во компанијата од самите почетоци. Додека зборувавме со него, ни кажа дека низ годините добива повици од шоферите веднаш по несакани ситуации и напоменува дека ова му нагласува дека ја има освоено довербата на клиентите, како во компанијата, така и во сервисот.
Кажете ни, како е да се работи со глобални брендови какви што се Ford и Hyundai? Какви се нивните очекувања и стандарди?
МТ: Работењето со глобални брендови носи бенефити но истовремено и голема одговорност. Низ изминатите 15-години лимаро-фарбарскиот сервис во Ми-Да Гранд Моторс е овластениот сервис од овој тип за повеќе брендови, како Ford, Volvo и од неодамна Hyundai. Иако сите брендови имаат свои стандарди, правила, процедури на работа, неколку работи се универзални и го прават овој сервис еден од најдобрите во нашата земја.
Меѓу другото, тоа се обучените професионалци-техничари кои постојано се надградуваат, но и следењето на трендовите на најсовремените техники и технологија на опремата во која влегуваат; коморите со преткомори, но и специјалните дигалки и алатите од реномирани светски брендови. Еден од стандардите кои се потребни е брзината и квалитетот на сервисирањето на оштетените возила. Современиот сервис на МГМ располага со капацитет за опслужување на повеќе од 10 возила истовремено.
Какви промени се случија минативе 15 години?
МТ: Во изминатите 15-години се случија промени во насока на постојан развој на сервисот. На почетокот започнавме како овластен сервис за еден бренд но задоволните корисници нè препознаваа и редовно ни ја даваа довербата. Како и секоја индустрија така и лимаро-фарбарската напредуваше во однос на квалитетот на услугите кои ги добиваа клиентите, квалитетот на Авто Боите и материјалите кои ги употребуваме, алатите и апаратите итн. За тоа е сведок нашата таканаречена „лабораторија за бои – Mixing Room“ каде сега комплетно дигитално се прави подготовката на бои.
Работите само со возила од вашите брендови, или и други?
MT: Капацитетот на нашиот сервис и професионалност ни овозможува да опслужуваме и брендови за кои не сме ексклузивни увозници. Во нашиот современ авто-лакерски сервис на МГМ можеме да припремиме и да го поправиме секој бренд и модел на пазарот и тоа го правиме сите овие години.
Со кои брендови работите? Чии материјали и бои користите?
MT: Во моментов кај боите работиме со линијата на PPG но низ годините имаме соработувано и останати глобални брендови како RM и сл.
Соработката само со квалитетни добавувачи нè прави поуспешни и посигурни во нашата работа и затоа во останатиот дел соработуваме со Blowtherm за коморите и преткоморите, Car-O-Liner специјална машина за извлекување на каросерија, Sata, De Villbiss, 3M како и Wurth околу алататот.
Дали и како работите на усовршување и на персоналот, но и на условите кои ги нудите?
Развојот и професионалноста на кадарот е една од нашите најголеми заложби во Ми-Да Гранд Моторс. За усовршување и следење на најновите технологии нашите професионалци редовно посетуваат обуки во земјава и странство.
Дополнително, сепак сме дел од голема интернационална групација во рамките на која се организираат најразлични семинари за усовршување и обука. Се грижиме за секој од нашите вработен и условите кои ги нудиме за работа во нашиот сервис го потврдуваат токму тоа.
Сигурно не е едноставно да се стекне довербата на клиентите, но уште поголем предизвик е да се одржи – како го правите тоа?
MT: Во мојата работа е малку специфично но исклучително важно да ја имате довербата на клиентите. Тоа е така поради природата на работата во нашиот сервис, кој се користи најчесто по несакани случки, затоа е многу важна комуникацијата со клиентите, бидејќи сте првиот контакт при овие ситуации. Од исклучителна важност е соработката и со нашите партнери од осигурителните компании со кои делиме ист фокус а тоа е безбедноста и задоволството на клиентите.