Новиот BMW M2 CS излегува од производните ленти како одличен спортски автомобил. Сепак, Manhart помислиле дека можат да го направат уште подобар и го создадоа моделот MH2 GTR,
Во стандардно издание, 3-литарскиот шест-цилиндарски агрегат на M2 CS произведува 450 кс и 550 Nm вртежен момент. Благодарение на нов турбополнач, интеркулер, алуминиумски цевки, Manhart карбонски систем за довод на воздух, спортски катализатори и репорограмирање на компјутерската единица моделот MH2 GTR испорачува 592 кс.
За поефикасно пренесување на силата кон подлогата, Германскиот тјунер го прилагодил седум-степениот менувач со двојна спојка, а исто така и го опремил со 20-инчни ковани фелни Concave One обвиени во Michelin Pilot Sport Cup 2 пневматици во димензија 255/30 напред и 295/25 назад. За надградба на суспензијата се користени неколку делови од H&R.
Екстериерот на моделот е инспириран од BMW M2 CS Racing и е опремен со нови аеродинамични карбонски делови како нов преден плитер, отвори за вентилација на крилата, аеро елементи над страничните прагови и голем заден спојлер.
Модификациите на Manhart продолжуваат и во кабината, така што добива BMW M Performance волан, како и мал дисплеј за прегледување на информации, позициониран на местото на левата решетка за вентилација на централната конзола.