ПРЕМИЕРА: Претставен новиот премиум DS 4! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Претставен новиот премиум DS 4!

Премиум огранокот на PSA, односно Stellantis тукушто го претстави својот најнов модел – новиот DS 4!

Верувале или не, DS Automobiles стана засебен бренд дури во 2015, и за само неколку години на пазарот понуди алтернатива на постоечките премиум брендови – во моментов нуди ги нуди DS 3 Crossback и DS 7 Crossback, како и неодамна-претставениот премиум седан DS 9. Денес DS го најави проширувањето на портфолиото со новиот DS 4 хечбек, кој е поставен на новата, напредна EMP2 платформа која веќе се користи кај неколку модели на француските брендови.

Дизајнот е навистина современ и софистициран – предниот дел добива Matrix LED светла, широка маска на ладилникот и вертикални LED дневни светла. Профилот е дури купеовски, а на задниот дел вниманието дефинитивно го задржуваат задните светла. Околу целиот автомобил има интересни, комплексни прекршени форми кои на DS 4 му даваат навистина засебен и уникатен лик – и ни се допаѓа!

Интересно е што DS 4 ќе биде достапен во три различни стилови – покрај регуларниот DS 4, тука е и кросоверскиот DS 4 CROSS, како и спортскиот DS 4 Performance Line. Во зависност од одбраната изведба, ќе добиете и соодветно прилагодане кабина во која препознаваме врвни материјали, како и врвни технологии – од систем за надградена реалност (со хед-ап дисплеј од 21 инч), па до премиум аудио систем од Focal.

DS 4 ќе се нуди со PureTech турбо-бензинци со 130, 180 или 225 коњски сили, како и BlueHDI турбодизел со 130 коњски сили. Сите верзии ќе доаѓаат со одличниот EAT8 автоматски менувач. Најинтересна изведба е плаг-ин хибридната варијанта која комбинира 180-коњски турбо-бензинец со електромотор за вкупно 225 коњски сили. Оваа изведба може да помине 50 километри на електрична енергија.

Продажбата ќе започне кон крајот на оваа година.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.