full screen background image
Search

Alfa Romeo Stelvio B-Tech достапен со специјална лизинг понуда

Од Automobile SK пристигна информација дека првиот SUV на Alfa Romeo сега е достапен и со специјална лизинг понуда на три годишни рати.

Неодамна пишувавме за Alfa Romeo Stelvio B-Tech, но ова е одлична причина да се навратиме на италијанскиот SUV. Специјалната B-Tech лимитирана серија комбинира италијански стил и дизајн со многу опрема и врвни перформанси.

Како што веќе напоменавме, Stelvio B-Tech доаѓа со 2.2-литарски турбодизел со 190 коњски сили, Q4 пренос на сите четири тркала и AT8 автоматски менувач. Добива и ксенонски фарови, напредни безбедносни системи, адаптивен темпомат, keyless пристап и многу, многу повеќе.

Кабината добива 7-инчен екран на таблата со инструменти, Alfa Connect 3D Nav мултимедијален уред со екран од 8.4 инчи кој вклучува и Apple CarPlay и Android Auto и уште многу други функционалности.

Сепак, интересен новитет е можноста Stelvio B-Tech – кој патем, е достапен за испорака веднаш – да се добие со специјална лизинг понуда на три годишни рати.

Сите детали можете да ги добиете на следниот линк.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.