Lexus со нов електричен концепт ја најавува својата иднина – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Lexus со нов електричен концепт ја најавува својата иднина

Јапонскиот луксузен бренд наскоро ќе претстави концепт за електрично возило, кое пак ќе биде најава за иднината на Lexus.

Сега за сега, од Lexus не кажуваат многу, но кажуваат дека концептот „ги илустрира нашите намери за иднината и ќе го означи почетокот на следната генерација на Lexus.“

Што точно значи тоа, можеме само да нагаѓаме – но сепак, знаеме дека амбициите на Lexus се огромни, но и дека пристапот на Lexus е малку различен од пристапот на германските премиум брендови. Веќе е потврдено дека концептот ќе биде електричен, а ние претпоставуваме дека ќе го користи Direct4 системот за контрола на погонот кој веќе знаеме дека ќе се користи во следната генерација хибридни и електрични возила на брендот. Од Lexus потврдија дека сериските модели базирани на оваа визија ќе бидат претсатвени наскоро – односно дека првиот модел ќе биде лансиран во текот на оваа година.

Ги немаме ниту финалните спецификации на Direct4, но кога беше претставен, дебитираше со два електромотори кои испорачуваа по 204 коњски сили и 300 Nm вртежен момент. Сето ова ветува одлични перформанси, а знаејќи го искуството кое Lexus и Toyota го имаат со хибридните возила – сигурни сме дека финалните продукти ќе бидат навистина импресивни.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.