Вечерно Кино: Ноќно возење и детално негување на McLaren 720s – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Вечерно Кино: Ноќно возење и детално негување на McLaren 720s

YouTube каналот Hartnett Media објави видео од возбудливо возење и внимателно негување на бојата и лакот на фантастичниот McLaren 720s.

McLaren 720s е еден од најбрзите суперавтомобили во моментов, благодарение на неговиот 4.0-литарски твин-турбо V8 агрегат, кој испорачува 710 кс и 770 Nm вртежен момент кон задните тркала. Тој му овозможува да забрза од 0-100 км/ч за само 2.8 секунди, да помине четвртина милја за само 10.3 секунди, и да постигне максимална брзина од 341 км/ч.

Видеото прикажува точно како се ужива во еден суперавтомобил. Тоа вклучува искусување на перформансите и убавините на суперавтомобилот, со ноќно возење на празни улици, а потоа денско миење и полирање во гаража.

Опуштете се и уживајте во видеото!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.