Панорама: Audi SQ5 Sportback доаѓа со 340-коњски турбодизел и Quattro погон на сите четири тркала! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Панорама: Audi SQ5 Sportback доаѓа со 340-коњски турбодизел и Quattro погон на сите четири тркала!

Кон крајот на минатата година Audi го претстави динамичниот SQ5 Sportback, а сега ги имаме сите детали за спортскиот купе-SUV од Инголштад!

Веќе знаеме дека Audi SQ5 Sportback користи 3-литарски турбодизел со 48-волтен лајт-хибриден систем. Овој иновативен и моќен погон испорачува 341 коњска сила и 700 Nm вртежен момент, и ги исполнува најстрогите еко-норми. Во комбинација со 8-брзинскиот tiptronic автоматски менувач и quattro погонот на сите четири тркала, Audi SQ5 Sportback забрзува до 100 километри на час за само 5.1 секунда и постигнува максимални (и електронски-ограничени, секако) 250 километри на час. Според WLTP стандардите, комбинираната потрошувачка на SQ5 Sportback е 7 литри дизел на 100 изминати километри.

Спортскиот купе-SUV е поставен на големи, 20-инчни тркала обвиени во спортски пневматици во димензии 224/45, а достапни се и поголеми, 21-инчни тркала. Секако, тука се и неизбежните надградени сопирачки, како и спортската S прилагодлива суспензија.

Кабината добива спортски седишта и други спортски детали, како и спортски управувач со зарамнето дно. Меѓу другото, забележуваме и многу детали од карбон и алуминиум, како и квалитетна кожа, а дигиталните инструменти пред возачот имаат специјална графика. Купувачите можат да добијат и многу дополнителна опрема и напредни системи за асистенција во возењето – ние дефинитивно би го одбрале Bang & Olufsen премиум аудио уредот.

Вреди да се напомене дека иако SQ5 Sportback е купе-SUV со форма каде дизајнот има поважна улога од функционалноста, сепак не е направен преголем компромис – SQ5 Sportback има багажен простор со капацитет од 500 литри, кои нараснуваат на 1470 литри кога се спуштени задните седишта.

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: Audi ги претстави новите Q6 и SQ6 e-tron


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.