full screen background image
Search

95-октанскиот бензин поскапува половина денар

Со првата рекалкулација на цените за оваа година, Регулаторната Комисија за Енергетика одлучи дека само цената на 95-октанскиот бензин ќе се зголеми, а цените на другите горива ќе останат исти.

Според методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените, од вечерва на полноќ малопродажните цени на горивата се зголемуваат во просек за 0.21%.

Цените на ЕУРОСУПЕР-98 и ЕУРОДИЗЕЛ горивата не се менуваат – па 98-октанскиот бензин и дизелот ќе се продаваат по „лански“ цени. Еден литар 98-октански бензин и понатаму ќе чини 62.50 денари, додека еден литар дизел гориво ќе чини 53.00 денари.

Цената на ЕУРОСУПЕР-95 се зголемува за половина денар, па еден литар 95-октански бензин ќе чини 61.00 денари.

Старо-новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.