Утринска Гимнастика: Имагинацијата и посветеноста нè движат нанапред – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Имагинацијата и посветеноста нè движат нанапред

Да ја започнеме новата година со едно прекрасно видео од Pagani, кое ни порачува да сонуваме за подобро утре.

Главна улога во видеото е модеот Zonda F во портокалова боја, погонуван од 7.2-литарски V12 агрегат од Mercedes-AMG, кој произведува 602 кс и фантастична мелозвучна симфонија.

Видеото е навистина емотивно, бидејќи е снимено на празните улици на Милано, за време на полициски час. Pagani заедно со Pirelli, организираа да продефилираат со суперавтомобилот со цел да ги охрабрат сите што се присилени да седат дома да сонуваат за подобро утре.

Пораката, која е искористена и како наслов на видеото е многу јасно: „Имагинацијата и посветеноста не движат нанапред. Сонувачите се оние кои го движат светот.“



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.