ПРЕМИЕРА: McLaren Sabre – 15 примероци, 824 коњски сили, 350 километри на час! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: McLaren Sabre – 15 примероци, 824 коњски сили, 350 километри на час!

Sabre е уникатно дело на MSO дивизијата на McLaren – ќе биде произведен во екстремно-лимитирана серија и добива моќен V8 кој испорачува 824 коњски сили и 800 Nm вртежен момент.

MSO дивизијата на McLaren си ја знае работата. McLaren Sabre е најновиот продукт кој доаѓа токму од овој оддел – и изгледа спектакуларно. Задолжен за придвижување на Sabre е доработен, 4-литарски твин-турбо V8 кој испорачува моќни 824 коњски сили и 800 Nm вртежен момент. Немаме информации околу забрзувањето, но знаеме дека постигнува максимална брзина од 350 километри на час.

Според најавеното, ќе бидат произведени само 15 примероци – и секој поединечен примерок ќе биде директнo прилагоден кон желбите на купувачот. Интересно е дека Sabre е наменет исклучиво за американскиот пазар – специфичното фокусирање на американските стандарди оневозможуваат автомобилот да се продава шиорум светот.

Првиот примерок – едниот од моделите на фотографиите – е веќе испорачан на првиот клиент, а останатите примероци ќе бидат испорачани во следните неколку месеци. Нормално, нема никакви информации ни околу цената – но со оглед на тоа дека Sabre е продукт на McLaren Special Operations, сигурни сме дека конечната цена има многу, многу нули.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.