Дали новиот спортски Yaris со погон на сите тркала може да се справи со силниот Civic Type R на влажна подлога? Магазинот Carwow го претстави одговорот на ова прашање.
Бројките се на страна на моделот на Honda. Нејзината погонска единица е 2.0-литарски четири-цилиндарски турбо-бензински агрегат со 316 коњски сили и 400 Nm вртежен момент, кои ги испорачува кон предните тркала преку шест-степена мануелна трансмисија.
За споредба, GR Yaris располага со 257 коњски сили и 360 Нм вртежен момент, што е значително помалку од неговиот конкурент. Сепак, малиот спортист има други адути – а тоа се погонот на сите тркала и помалата тежина.
Кога на сето тоа ќе се додаде и влажен асфалт, резултатот и не е така лесен за предвидување. Кој ќе биде победникот, погледнете во видеото подолу: