Новата Toyota Mirai пристигна во Европа – работи на водород и може да помине 650 километри со полн резервоар! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новата Toyota Mirai пристигна во Европа – работи на водород и може да помине 650 километри со полн резервоар!

Новата генерација на седанот на Toyota кој користи горивна ќелија пристигна во Европа – а амбициите на јапонскиот бренд се навистина големи.

Новата, втора генерација на Toyota Mirai е поставена на модуларната GA-L платформа на јапонскиот производител. Според Toyota, ова овозможува Mirai да има уште попросторна кабина, каде клучниот збор е даден на комфорот и рафинираното возење.

Секако, особено интересен е погонот на Mirai – благодарение на новата платформа, сега има простор за уште еден (трет) резервоар за водород да биде поставен во автомобилот, а тоа пак резултира со автономија од 650 километри кога резервоарите се полни. Целиот погон е темелно редизајниран, па намалена се и тежината и големината на најглавните компоненти, а старата никел-метал-хидридна батерија е заменета со литиум-јонска, што пак резултира со уште подобри перформанси.

Возењето возило кое користи водород како „погонско гориво“ за горивната ќелија, значи дека единствените емисии се во форма на вода. Технички, Mirai го чисти воздухот како што вози благодарение на напредните филтри кои се користат. За задвижување на Mirai е задолжен електромотор кој кон задните тркала испорачува 182 коњски сили и 300 Nm вртежен момент, и кој нуди адекватни перформанси – 100 километри на час се постигнуваат за 9.2 секунди, додека максималната брзина е 175 километри на час. Секако, Mirai ги добива и сите напредни технологии на Toyota кои нудат врвна безбедност во возењето.

Сето ова значи дека новата, втора генерација на Mirai е навистина импресивна – а тоа го навестуваат и амбициите на Toyota. Јапонскиот бренд сака десеткратко да ја зголеми продажбата на седанот придвижуван од водород!

Поврзано:  Mazda, Toyota и Subaru ги здружуваат силите во развивање на нови хибридни мотори

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.