Пристигна новата Ford Kuga! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Пристигна новата Ford Kuga!

Најновата генерација на популарниот SUV на Ford пристигна во Македонија!

Новата Ford Kuga пристигна и кај нас! Ние веќе имавме можност да ја видиме новата Kuga на Ford Go Further настанот во Амстердам минатата година, а сега популарниот SUV е веќе достапен и кај нас.

Новата Kuga може да се добие во неколку различни – и модерни – изведби. Секако, во понудата остануваат добро-познатите EcoBoost и TDCi конвенционални мотори, но сега Kuga може да се добие со 2.5-литарски хибриден или плаг-ин хибриден погон со 190 или 225 коњски сили. Секако, доколку не сакате хибрид, тука е 1.5-литарскиот EcoBoost турбо-бензинец со 150 коњски сили, како и 1.5-литарскиот или 2-литарскиот TDCI со 120, 150 или 190 коњски сили. 2-литарскиот TDCi може да се добие и како благ хибрид.

На самиот старт достапни се богато-опремената Kuga Titanium, спортската Kuga ST-Line, како и луксузната Kuga Vignale. Во зависност од избраниот модел, ќе можете да одберете меѓу еден од горе-наведените мотори, како и меѓу автоматски или рачен менувач, и погон на предните или на сите четири тркала.

Цените на новата Ford Kuga започнуваат од 31.000 Евра за Kuga во Titanium ниво на опрема, придвижувана од 1.5-литарскиот TDCi турбодизел со 120 коњски сили, погон на предните тркала и мануелен менувач. Сега за сега, врвната опција е Kuga Vignale опремена со 2-литарски TDCi со 190 коњски сили, автоматски менувач и погон на сите четири тркала за 50.500 Евра. Нашиот избор најверојатно би била некоја хибридна изведба.

Новата Ford Kuga е веќе изложена во салонот на Ford во рамките на Ми-Да Гранд Моторс.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.