full screen background image
Search

Бензините поевтинуваат, цената на дизелот не се менува

Регулаторната Комисија за Енергетика тукушто ги објави новите, малку намалени цени на горивата.

Во согласност со методологијата која се користи за пресметка на цените на горивата, од вечерва на полноќ малопродажните цени се намалуваат во просек за 0.41%.

Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалуваат по половина денар, и еден литар од овие горива ќе чини 59.00, односно 61.00 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото не се менува, и еден литар дизел и понатаму ќе чини 50.50 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.