Германската тјунерска компанија претстави нов специјален модел, базиран на неодамна обновениот Audi RS4 караван.
ABT RS4-S се разликува од сериската изведба благодарение на пораснување на силата, опсежен аеродинамичен пакет, 21-инчни фелни, изменета суспензија и нови компоненти во ентериерот. Почнувајќи од агрегатот, 2.9-литарскиот твин-турбо V6 има добиено нова компјутерска единица која ја зголемува силата на 510 кс, а вртежниот момент на 660 Nm.
Ова се зголемувања од 60 кс и 60 Nm во однос на стандардниот модел и го скратуваат времето на забрзување од место до 100 км/ч за една десетинка, на 3.9 секунди. Доколку тоа не е доволно, ABT нуди Power S надградба, која ја зголемува силата на 530 кс и 680 Nm. По барање на купувачот, тјунерот нуди и отстранувањето на граничникот за максимална брзина.
Надградбите на перформансите се придружени од специјален ABT аеродинамичен бодикит направен од јаглеродни влакна, кој вклучува преден лип со ознака на моделот, предни сечила, отвори за вентилација на тркалата, како и заден кровен спојлер, странични прагови и заден дифузер, исто така со ознаката на моделот.
Интегриран во задниот дифузер е нов издувен систем од не’рѓосувачки челик со четири издувни цевки, секоја со дијаметар од 102 милиметри. ABT RS4-S доаѓа и со шасиски подобрувања, така што е опремен со нова суспензија, прилагодлива по висина и покрути стабилизатори на предната и задната оска.
За посебно чувство при возење, во внатрешноста се додадени нови седишта, прагови, патосници и брзинометар, сите со контрастни RS4-S ознаки. Како опција, ABT нуди и карбонски елементи на седиштата и воланот.