full screen background image
Search

Audi го освежи караванот RS4 – 100 километри на час пристигнуваат за само 4.1 секунда!

Моќниот Audi RS4 користи 2.9-литарски твин-турбо V6 кој испорачува 450 коњски сили и 600 Nm вртежен момент!

Со освежувањето, Audi RS4 добива редизајнирани предни LED светла (или по нарачка, Matrix LED светлосни единици), како и редизајнирана маска на ладилникот. Задниот дел добива ревидирани задни светла и нов браник со нов дифузер. Кабината добива 10.1-инчен мултимедијален уред, како и дигитални инструменти во форма на познатиот Virtual Cockpit. Секако, тука се и фантастичните спортски седишта и многуте RS детали.

Инаку, задолжен за придвижување на RS4 е веќе добро-познатиот 2.9-литарски твин-турбо V6, кој преку автоматски менувач и quattro погон кон сите четири тркала испорачува 450 коњски сили и 600 Nm вртежен момент. Резултат на сето тоа е спринт „до стотка“ за 4.1 секунда и максимални (електронски ограничени, секако) 250 километри на час.

Првите примероци ќе бидат испорачани во Декември.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.