Верна семејството на Макпетрол го доби својот 200.000-ти член! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Верна семејството на Макпетрол го доби својот 200.000-ти член!

Макпетрол гордо објави дека програмата Верна го доби својот јубилеен, двесте илјадити член!

Макпетрол АД е компанија која во својот работен фокус постојано ги има потребите на своите потрошувачи. Работејќи по највисоки стандарди кога станува збор за нафтените деривати, Макпетрол АД на своите корисници им нуди производи со загарантиран квалитет.

Макпетрол веќе веќе шест години работи на спроведување и усовршување на програмата за лојалност ВЕРНА, преку која ги наградува своите верни потрошувачи, но и учи за нивните желби и потреби, со цел да ја подобри и подигне услугата на уште повисоко ниво.

ВЕРНА програмата за лојалност на компанијата Макпетрол АД доживеа голем успех. Потрошувачите ја препознаа намерата на компанијата да создаде двонасочен однос со цел подобрување на нивните искуства кога станува збор за соработка со компанијата.

Потврда за овој успех е и доделувањето на 200 илјадитата картичка од програмата ВЕРНА на господинот Жарко Јорданоски. Како добредојде од компанијата Макпетрол АД му подарија и 200 литри гориво. Денес, оваа програма стана семејство кое брои 200 илјади членови, односно 200 илјади потрошувачи кои довербата ја доверија на Макпетрол, 200 илјади граѓани кои можат да ги користат поволностите од оваа програма, а во исто време и да ги исполнат условите за учество во наградната игра на Макпетрол АД.

Навистина ми е драго што станав дел од програмата за лојалност ВЕРНА на компанијата Макпетрол АД. Големо изненадување претставуваше известувањето што го добив, дека сум добитник на наградата како 200 илјадити член на ВЕРНА, посебно затоа што сум нов корисник на горивата на компанијата. Сакам да посочам дека до пред извесно време гориво точев од други компании, но не бев задоволен. Како што станав потрошувач на горивата на Макпетрол АД веднаш почувствував разлика во работата на мојот автомобил, компанијата навистина ја заслужува мојата доверба“. – кажа 200 илјадитиот член на семејството ВЕРНА, Жарко Јорданоски.

Извор: PR Макпетрол



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.