Renault Captur е официјалното возило на WIZZ Air Скопскиот Маратон! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Renault Captur е официјалното возило на WIZZ Air Скопскиот Маратон!

Renault со новиот Captur е официјален превозник на WIZZ Air Skopje Marathon 2020!

Од Аутомотив Груп кажуваат дека „Со големо задоволство ја најавуваме и поддржуваме позитивната енергија на овогодинешниот  значаен WIZZ Air Skopje Marathon!“

Аутомотив Груп  е верен поддржувач на спортот и спортските активности како и пријател на најзначајните настани кои се одржуваат во нашата држава, па затоа гордо го претставува најпродаваниот модел во својата класа во Франција и Европа – RENAULT CAPTUR како официјално возило на WIZZ Air Skopje Marathon 2020.

Новиот модел на RENAULT со сите свои карактеристики на спортски теренец, атлетски профил и софистициран ентериер совршено прилега на овој настан.

  • Повеќе од 90 комбинации на надворешен изглед;
  • 18 конфигурации на ентериер;
  • Најнова технологија за подобрување на возачкото доживување;
  • Без компромис во загрозување на безбедноста – со освоени 5 ѕвезди според тестовите  на EURO NCAP

CAPTUR е сè што ви треба.

Од Аутомотив Груп кажуваат дека како пријател на овогодинешниот маратон и со надеж за долгогодишна идна соработка им посакуваат успешна трка на сите учесници со целосно почитување на мерките за заштита и правилата на протоколот посочена од страна на организаторот.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.