Како што веќе знаеме од официјалната промоција, новиот Citroën C4 ќе биде достапен со бензински или дизел мотори, но и како целосно-електрично возило – а францускиот производител со видеа ни го приближува новиот хечбек!
Напредните технологии, францускиот дизајн и врвниот конфор се моќните атрибути со кои Citroën ќе ги привлекува купувачите кон новиот C4. Авангардниот хечбек има навистина многу да понуди – и токму тие атрибути Citroën ги нагласува во новите промотивни видеа за C4. Во првото видео го гледаме среќниот ден кога минувачите за прв пат го гледаат новиот C4, а на второто гледаме како семејната љубов кон автомобилите се пренесува од една генерација во друга. Уживајте!