Протекоа патентни фотографии од новата BMW Серија 4 Convertible – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Протекоа патентни фотографии од новата BMW Серија 4 Convertible

Кинеската Национална Администрација за Интелектуална Сопственост објави патент-фотографии од новата BMW Серија 4 кабриолет.

Веќе знаеме како ќе изгледа новата Серија 4 – германците и официјално го претставија своето ново купе. Сепак, денес можеме да погледнеме малку во иднината и да видиме како ќе изгледа кабриолет-верзијата на Серијата 4. Да, ова се патентни фотографии на кои се гледа формата на автомобилот, а не се вистински, финални фотографии – но сепак јасно гледаме како ќе изгледа новиот кабриолет.

Исто како и купето, и кабриолетот ги добива новите, контроверзни „ноздри“, и освен „отсечениот“ кров – останатите детали се помалку или повеќе исти. Секако, понатаму ќе следат и помоќните изведби – како што е и следниот М4 Кабриолет, а не е исклучен ниту Серија 4 Gran Coupe.

Според некои гласини до кои дојдовме, новите BMW M3 и M4 ќе ги видиме во следните неколку месеци, а кабриолетот би можеле да го видиме во конечна форма до крајот на оваа година.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.