Volkswagen ги претстави Variant и Alltrack изведбите на Golf 8 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volkswagen ги претстави Variant и Alltrack изведбите на Golf 8

Volkswagen ја проширува гамата на најновата генерација на Golf со новите Variant и Alltrack изведби.

Новиот Golf Variant е подолг од моделот кој го заменува, а истовремено има и подолго меѓуоскино растојание – а тоа значи забележително повеќе простор во кабината (скоро 4 сантиметри повеќе простор на задната клупа) и малку повеќе простор во багажникот, кој во стандардна конфигурација нуди 611 литри, односно дури 1642 литри со спуштени задни седишта.

Секако, Golf Variant ќе може да се нарача со истите мотори и погонски конфигурации со кои се нуди и обичниот Golf. Добива и електрично-задвижувана врата од багажникот, како и дополнителни практични додатоци – приклучоци за струја, кукички за закачување во багажникот, итн.

Оние кои сакаат нешто поробустно ќе можат да го изберат Golf Alltrack. Оваа верзија доаѓа со зголемена дистанца од подлогата, стандарден 4Motion погон на сите четири тркала и заштитни панели околу целиот автомобил. Други посебни разлики нема – забележуваме некои различни материјали и извезени декоративни елемнти на седиштата, но тоа е тоа.

Исто како и Golf Variant, и Golf Alltrack ќе може да се нарача со многу различни погонски конфигурации. Од Volkswagen кажуваат дека Golf Alltrack може да влече до 2000 килограми.

Според најавеното, продажбата на Golf Variant и Alltrack ќе започне до крајот на оваа година.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.