Викендов започнува новата сезона на Euro NASCAR со General Tire! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Викендов започнува новата сезона на Euro NASCAR со General Tire!

Викендов во Валелунга започнува новата сезона на Euro NASCAR шампионатот, чиј партнер се нашите пријатели од General Tire.

Euro NASCAR шампионатот внесе вистинска свежина во европските трки – еднаквоста на тркачките автомобили значи дека ова е вистинска платформа да се видат талентите на засебните возачи, а возбудата во ниту еден момент не недостига – ние самите имавме можност да се увериме во тоа кога присуствувавме на финалето на Euro NASCAR шампионатот минатата година, на тркачката патека во Золдер, Белгија.

Од 2019, General Tire се ексклузивен добавувач на пневматици за NASCAR Whelen Euro Series, а брендот со американско потекло подготви специјални нови 300/700 R15 тркачки пневматици за новата сезона. Всушност, General Tire има долгогодишно искуство со NASCAR – тие произведуваат пневматици за американскиот шампионат од 1988-мата година.

Како и многу други спортски настани, оваа година неколку трки мораа да бидат откажани поради глобалната пандемија. Како резултат на тоа, трката во Валелунга е прва на календарот, а потоа шампионатот оди во Золдер (Белгија), Мост (Чешка) и Валенсија (Шпанија). Сепак, трките продолжуваат, од General Tire кажуваат дека „новите пневматици се подготвени и само чекаат да ги испорачаат најдобрите перформанси.“

Застапници за General Tire на нашиот пазар се нашите пријатели од Мотоцентар, каде можете да ги најдете производите на американскиот бренд.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.