full screen background image
Search

ВИДЕО: Nissan произведе половина милион примероци од електричниот Leaf

Nissan се пофали до 500.000 произведени примероци на електричниот Leaf, како и скоро 15 милијарди поминати километри на електрична енергија од 2010.

Како дел од прославата на Глобалниот Ден на Електрични Возила, Nissan се пофали дека го произведе 500.000-тиот примерок на електричниот Leaf. Електричниот автомобил на Nissan е првиот масовно-произведен електричен автомобил, а јубилејниот примерок оди кај Maria Jansen во Норвешка.

Инаку, Nissan Leaf има освоено многу награди и признанија – во 2011 беше прогласен за Автомобил на Годината во Европа, како и Светски Автомобил на Годината, и веќе ја има освоено довербата на стотици илјади купувачи.

Дополнтелно, од Nissan со гордост кажуваат дека сопствениците на Leaf во изминатите 10 години имаат поминато вкупно 14.8 милијарди километри со своите автомобили, и со тоа спречиле испуштање на околу 2.4 милијарди килограми CO2 во атмосферата.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.