Според официјалните мерења по WLTP стандардите, електричниот ID.3 може да помине 420 километри – но на направен тест, електричниот хечбек на Volkswagen помина 531 километар со едно полнење!
Volkswagen ID.3 извозе од Цвикау во Германија, до Шафхаузен во Швајцарија – дистанца од 531 километар – со едно полнење на батеријата. Според објавените податоци, 44% од патувањето било на автопат, додека 56% на регионални патишта. На возачите им биле потребни околу 9 часа со просечна брзина од 56 километри на час.
Автомобилот користен за тестирање е Volkswagen ID.3 1st Edition Pro Performance, кој добива батерија со капацитет од 58 kWh. Со овој подвиг, автомобилот ги надмина официјалните тестирања на WLTP за цели 111 километри – трошел само 10.9 kWh електрична енергија на 100 изминати километри, а од Volkswagen кажуваат дека дополнителните системи – дневните светла, навигацијата, радиото и клима уредот биле постојано или повремено вклучени.
Volkswagen ID.3 може да се добие со уште поголема батерија со капацитет од 77 kWh, која според официјалните WLTP мерења нуди автономија од 550 километри.