full screen background image
Search

Конвертирајте го вашиот Land Rover Defender во врвно кампинг-возило!

Германската компанија Geho Cab изработи карбонска конверзија за новиот Defender, со што можете да го трансформирате во врвно кампинг-возило!

Авантуристите и фановите на overlanding патувањата имаат нова играчка за која можат да сонуваат – а тоа е Land Rover Defender со камп-конверзија од Geho Cab. Карбонскиот додаток (да, карбонски!) тежи само 110 килограми и ќе го трансформира вашиот нов Defender во ултимативното overlanding возило.

Целта на инженерите од Geho Cab била конверзијата да изгледа како фабрички додаток – и мораме да признаеме дека успеале во тоа. Во кампинг-кабината можете да добиете од кујна, до туш кабина, соларни панели, Webasto греење, па сè до мал милион можности за поврзување и комуникација и други модификации.

Секако, ова не е евтино – конверзијата чини околу 100.000 евра (плус цената на Defender) – но навистина, можеме да сонуваме за ултимативната авантура, нели? Плус, кога сте веќе тука, погледнете го нашиот тест на новиот Land Rover Defender!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.