Сакате нов Peugeot 208? Одберете меѓу бензин, дизел и струја! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Сакате нов Peugeot 208? Одберете меѓу бензин, дизел и струја!

Од Еуроимпекс кажуваат дека се особено горди на одлуката на Peugeot да понуди електрична или електрифицирана верзија од секој модел во понудата.

Peugeot брендот неуморно и прецизно ја следи својата амбиција – секој модел од гамата да има своја електрична верзија. Оваа стратегија на Брендот им овозможува на потенцијалните клиенти да добијат избор повеќе при определување и дефинирање на своите потреби при купување на возило.

Како што најавува Peugeot – „иднината ќе биде се’, само здодевна не.“ Токму затоа компанијата Еуроимпекс, генерален узвоник за брендот Peugeot, ќе ги промовира на нашиот пазар сите модели на гамата со избор на 3 мотори. Бензин, дизел или електричен мотор. Со ова им овозможуваат на своите клиенти да бидат чекор понапред и секогаш да целат кон иднината.

Во моментов модел кој може да понуди избор помеѓу 3 типови на мотори е новиот Peugeot 208, кој покрај многуте награди и признанија е воедно и добитник на најпрестижната награда „Автомобил на годината во Европа за 2020та“ Награда која гордо ја носи и докажано му прилега. Имено Peugeot е единствениот Бренд кој бил награден со 3 награди „Европски автомобил на годината“.

100% електричниот Peugeot 208 ја носи истата внатрешност и истиот надворешен изглед како и оној на внатрешно согорување, разликата е во надворешните детали кои го красат и онака возбудливиот дизајн.

Достапни се два вида на инвертори во возилото, за да одговараат на сите намени и сите решенија за полнење на клиентите, со еднофазен полнач од 7,4 kW како стандарден и опционален трофазен инвертор од 11 kW. Од Peugeot напоменуваат дека животниот век на батеријата кај Peugeot возила е со гаранција од 8 години или изминати 160.000 километри, по чие изминување батеријата ќе има капацитет од 70%. За време на гаранцискиот период, Peugeot врши замена на батеријата во случај да нема механичко оштетување на истата.

Ние неодамна го возевме толку електричниот Peugeot e-208 – можете да го погледнете нашиот тест за да дознаете сè за францускиот електричен автомобил!

Поврзано:  Peugeot ја згаснува дивизијата PSE?

Овие елементи водат кон „моќта на изборот“ – можност која Брендот Peugeot им ја дава на своите потенцијални клиенти. Можност да го изберат својот омилен мотор и при тоа да доживеат навистина различно искуство при возењето.

Извор: PR Peugeot



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.