Delage D12 – Француски хибриден хипер-автомобил со 1230 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Delage D12 – Француски хибриден хипер-автомобил со 1230 коњски сили!

Delage е всушност француски бренд кој својот последен автомобил го направил пред скоро 70 години – и сега се враќа со новиот D12!

Во ред е ако не сте слушнале за Delage. Малкумина воопшто го помнат или познаваат брендот – францускиот производител своевремено правел луксузни и спортски автомобили, а го направил својот последен автомобил во 1953-тата година. Сега, скоро 70 години подоцна, Delage се враќа со новиот D12 – целосно нов, хибриден хипер-автомобил.

Задолжен за придвижување на D12 е нов погон кој користи 7.6-литарски, атмосферски V12. Големиот V12 соработува со електромотор и вкупната, системска моќност е 1230 коњски сили. Автомобилот тежи 1400 килограми, а потврдена е уште една, полесна верзија која тежи 1310 килограми и користи помал електромотор, за вкупна системска моќност од околу 1100 коњски сили. Според најавеното, Delage D12 ќе може да забрза од 0 до 100 километри на час за само 2.5 секунди.

Delage D12 е вистински хај-тек хипер-автомобил. Врз дизајнот очигледно најголемо влијание имала аеродинамиката, шасијата користи технологии кои се развиени за F1, а Жак Вилнев учествувал во развојот на Delage D12 как главен тест-возач. Интересен детал е дека возачот е поставен централно, а совозачот седи зад него – како во борбен авион!

Од Delage потврдија дека ќе бидат произведени само 30 примероци од D12 и дека секој од нив ќе чини околу 2 милиони евра.

Забелешка: Првично напишавме дека Delage D12 ќе има 1115 коњски сили, а всушност ќе има 1230 коњски сили. Се извинуваме за ненамерната грешка.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.