ПРЕМИЕРА: KIA го претстави својот најмал кросовер – субкомпактниот Sonet – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: KIA го претстави својот најмал кросовер – субкомпактниот Sonet

Малиот Sonet прво ќе се продава во Индија, а планот на KIA е понатаму да го понуди и на други пазари ширум светот, каде купувачите ги бараат ваквите кросовери.

Sonet ќе се нуди со три различни мотори, барем на почетокот. Најавени се 1.2-литарскиот атмосферец со 85 коњски сили, одличниот 1-литарски T-GDI турбо-бензинец кој најверојатно ќе се нуди во изведби со 100 и 120 коњски сили, како и 1.5-литарскиот CRDi турбодизел. Сепак, сега за сега не знаеме кои мотори ќе се нудат во Европа, но би очекувале понудата да биде иста. Во зависност од моторот, ќе може да се комбинира со мануелен или пак DCT автоматски менувач со двојна спојка.

Инаку, Sonet е вистински субкомпактен кросовер – и ги нуди сите практични детали кои ваквите автомобили ги нудат. Кабината е дизајнирана да биде сосем доволно просторна, а ќе ги добиете и сите технологии кои KIA ги нуди во другите, поголеми модели – од модерните мултимедијални системи, па сè до UVO Connect системите за поврзување. Ќе можете да нарачате и премиум компоненти – како на пример Bose премиум аудио уред. Веќе е најавено дека ќе се нудат неколку различни нивоа на опрема, меѓу кои и врвното GT-Line со спортски детали.

Со оглед на популарноста на овие возила и во Европа, не би биле воопшто изненадени доколку KIA донесе брза одлука да го понуди Sonet и тука. Малиот кросовер на својата страна ќе ги има не само одличниот дизајн и модерните мотори, туку и технологиите кои купувачите ги бараат – а тоа е добитна комбинација.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.