Покажал среден прст – добил 75 пати поголема казна за брзо возење! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Покажал среден прст – добил 75 пати поголема казна за брзо возење!

Возач во германија бил уловен од камера како ја надминува дозволената брзина – но бидејќи на камерата ѝ покажал среден прст, властите му ја зголемиле казнатата ни помалку ни повеќе, туку 75 пати!

26-годишниот возач бил уловен како со својот SUV ја надминал максимално-дозволената брзина за 11 километри на час – и добил автоматска казна од 20 евра. Приказната би завршила таму и не би била воопшто интересна, ако возачот не ѝ покажал среден прст на камерата која го сликала.

Германската полиција реагирала соодветно на неговиот вулгарен гест, и покренале постапка за навреда. Окружниот суд во Кулмбах не само што ја прифатил покренатата постапка, туку го казнил возачот за тоа што го направил – и му ја зголемил казната за цели 75 пати и му ја одземал возачката дозвола еден месец.

Па така – тоа што можело да биде (релативно евтина) казна од 20 евра, станало казна од 1500 евра и забрана за возење.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.