full screen background image
Search

Bugatti започна да ги испорачува првите примероци од супер-ексклузивниот Divo

Bugatti Divo чини од 5 милиони Евра – а првите примероци во моментов се испорачуваат на среќните (и ултра-богати) купувачи!

„Divo е значителна точка во историјата на Bugatti, која трае повеќе од 10 години. Divo ќе влезе во нашата историја покрај Veyron и Chiron, бидејќи започнува нова ера за нашиот бренд – ера на модерна изработка на уникатни автомобили. Со Divo направивме уникатно ремек-дело на автомобилското мајсторство.“ – изјави Stephan Winkelmann, извршниот директор на Bugatti.

Bugatti Divo чини од 5 милиони Евра, а секоја персонализација се доплаќа – па и нема баш некоја горна граница. Divo ќе биде произведен во само 40 примероци и иако е базиран на Chiron, не делат скоро никакви дизајнерски детали. Сепак, Divo го користи истиот квад-турбо W16 кој се користи и во Chiron. Овој моќен мега-мотор со 16 цилиндри е со зафатнина од 8 литри и испорачува 1500 коњски сили и 1600 Nm вртежен момент.

Силата од моќниот W16 се испорачува кон сите четири тркала и сето ова му овозможува на Divo да забрза до 100 километри на час за само 2.4 секунди и да постигне максимална брзина од 380 километри на час.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.