ПРЕМИЕРА: KIA го освежи Stonic со нови технологии и лајт-хибридна варијанта. – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: KIA го освежи Stonic со нови технологии и лајт-хибридна варијанта.

KIA тукушто ги објави официјалните податоци околу освежениот Stonic – популарниот кросовер добива грст нови технологии и лајт-хибриден погон.

Stonic е на пазарот од 2017, и во меѓувреме се продадени преку 150.000 примероци – па KIA одлучи дека е време да му даде на својот кросовер грст нови технологии и нов, лајт-хибриден погон.

Најважниот новитет е токму хибридниот погон. Овој погон комбинира 1-литарски T-GDI турбо-бензинец со 48-волтен систем и може да се добие во две варијанти – со 100 или 120 коњски сили, а обете изведби располагаат со 200 Nm вртежен момент и можат да се комбинираат со 6-брзински мануелен или 7-брзински DCT менувач со двојна спојка. Дополнително, постоечките погонски единици се надградени, па обичниот 1-литарски T-GDI со 100 коњски сили сега добива 6-брзински мануелен менувач или 7-брзински DCT, а ревидиран е и 1.2-литарскиот атмосферец кој и понатаму испорачува 84 коњски сили.

Stonic стандардно ќе доаѓа со 8-инчен мултимедијален уред со Bluetooth поврзување, Apple CarPlay и Android Auto, а ќе може да се добие и со навигација, како и UVO Connect систем кој во живо испорачува информации околу сообраќајот, временска прогноза, цени на горива, итн. Пред возачот ќе биде поставен и 4.2-инчен дисплеј со повисока резолуција, а Stonic ќе може да се нарача и со ADAS системите на KIA за асистенција во возењето.

Визуелните измени се скоро незабележливи – Stonic добива ревидирани предни светла, две нови бои за екстериерот – Azure Blue и Storm Grey – како и неколку нови дизајни за тркалата. Продажбата ќе започне во третата четвртина од оваа година.

Поврзано:  ПРЕМИЕРА: Kia EV3 ќе го освојува пазарот со автономија до 600 километри!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.