Toyota ја претстави мрачната RAV4 Hybrid Black Edition – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Toyota ја претстави мрачната RAV4 Hybrid Black Edition

За фановите на црно-на-црно-на-црно автомобилите, Toyota ја претстави RAV4 Hybrid Black Edition верзијата на својот супер-популарен хибриден SUV.

Како што објаснува и самото име, Toyota подготви специјална изведба на својот SUV кој го прави да се издвојува од околината и другите автомобили. RAV4 Hybrid Black Edition доаѓа во Midnight Black црна боја, а сите детали околу целиот автомобил се исто така црни. Предната маска, долниот дел од браникот, капаците на страничните ретровизори, задниот спојлер… Сè е во црна боја – единствено знакот на Toyota на предниот дел е хромиран.

Истата приказна продолжува и во кабината – седиштата се обвиени во црна кожа со сиви шевови, црна боја е и кровот, како и деталите во кабината. Дел од стандардната опрема ќе бидат сензорите за паркирање, 360-степенската камера, дигиталниот централен ретровизори, JBL премиум аудио-уред со 9 звучници, Toyota Safety Sense системите, Apple CarPlay и Android Auto.

Специјалната изведба на Toyota RAV4 веќе може да се нарача, а првите примероци ќе бидат испорачани во Октомври 2020.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.