full screen background image
Search

Gilles Vidal заминува од Peugeot, оди во Renault!

Откако пред само неколку дена беше изненадувачки објавено дека Gilles Vidal си заминува од Peugeot, денес пристигна официјална информација од Renault дека тоа ќе биде неговиот нов дом.

Францускиот производител тукушто објави дека поранешниот директор за дизајн во Peugeot, сега ќе стане дел од тимот на Renault. Gilles Vidal беше на чело на Peugeot дизајн тимот од 2010 и во Renault ќе му се придружи на Alejandro Mesonero-Romanos кој беше одговорен за дизајн во SEAT од 2011. Двајцата нови дизајнери ќе работат директно под постоечкиот главен дизајнер на Renault – Laurens van den Acker, како и новиот извршен директор на Renault – кој исто така доаѓа од SEAT – Luca de Meo.

За својот нов колега, Laurens van den Acker изјави – „Возбудени сме да му посакаме добредојде на Gilles Vidal во тимот. Тој има интимно познавање на креирање силни брендови кои се водени од дизајнот. Неговото признато искуство, неговото чувство за иновација и неговата страст за дизајнот ќе бидат придобивки за Groupe Renault. Тој е инспирација за многумина и се радувам на идната соработка кон одговарањето на предизвиците за мобилноста на иднината.“

Големите кадровски промени во Renault само ги нагласуваат амбициите на францускиот бренд да ја зајакне својата позиција на пазарот. Luca de Meo постигна одлични резултати со SEAT, каде директно соработуваа со Alejandro Mesoner-Romanos, а Gilles Vidal изминативе години целосно го трансформираше Peugeot и помогна францускиот бренд да си ја пронајде својата точна позиција на пазарот.

Останува да видиме како ќе се развива Renault во иднина и да ги видиме новите модели кои ќе произлезат од освежениот дизајнерски тим.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.