Škoda зборува за ентериерот на електричниот Enyaq iV – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Škoda зборува за ентериерот на електричниот Enyaq iV

Електричниот кросовер на Škoda ќе биде претставен на 1-ви Септември, а денес чешкиот бренд ги објави првите детали околу ентериерот на новиот модел.

Главниот збор во кабината го има повеќеслојната централна конзола, а посебно место е дадено на отворите за вентилација кои влечат инспирација од традиционалните маски на ладилникот на Škoda. На централната конзола е поставен голем, 13-инчен дисплеј кој ќе се користи за инфо-забавните функционалности, а пред возачот ќе биде поставен дигитален дисплеј, како и хед-ап дисплеј со систем за „засилена реалност“ – односно, напредно информирање на возачот за навигацијата, итн.

Забележуваме и мала рачка на менувачот (слична на онаа кај новатa Octavia која неодамна ја возевме), а претпоставуваме дека Enyaq iV ќе има и други напредни функционалности. Од Škoda најавуваат дека нивниот електричен кросовер ќе користи материјали од обновливо потекло – на пример, навлаките на седиштата ќе бидат направени од 40 проценти волна и 60 проценти материјали добиени од рециклирани пластични шишиња. Сакате кожа? Таа ќе биде обоена со специјална боја добиена од лисја од маслинови дрвја.

Škoda забрзано работи на промовирањето на електричниот Enyaq iV, кој ќе се нуди во неколку различни варијанти.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.