Освежената Е Класа на Mercedes-Benz пристигна во салонот на Мак Аутостар – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Освежената Е Класа на Mercedes-Benz пристигна во салонот на Мак Аутостар

Еден од најважните модели на Mercedes-Benz неодамна доби освежување кое е многу поголемо од обичен фејслифт – и новата Е Класа веќе пристигна во Македонија!

Со повеќе од 14 милиони продадени возила – почнувајќи од 1946 година – E-Class е најдобро продаваниот модел на сите времиња во Mercedes-Benz и токму затоа се смета за модел кој е „срцето“ на брендот. Освежената Е Класа добива редизајниран преден дел со заострени предни светла и редизајнирани отвори за воздух, како и редизајниран заден дел кој сега наликува на купеовските мејлови на брендот – и истовремено ја најавува следната генерација на знаменосецот – S Class.

Кабината ја добива најновата генерација на MBUX инфо-забавниот систем на Mercedes-Benz и стандардно ќе доаѓа со два големи, 10.25 инчи екрани. MBUX системот нуди гласовни контроли, но и многу повеќе. Секако, E-Class ги добива и најновите системи за асистенција на Mercedes-Benz, меѓу кои се и Actrive Distance Assist Distronic за автоматска регулација на брзината, Active Brake Assist, Active Bling Spot Assist, итн, итн.

Во понудата се два дизелски мотори – E220d со погон на задните или сите четири тркала, како и E400 d кој стандардно доаѓа со погон на сите четири тркала. Основниот мотор нуди 194 коњски сили и 400 Nm вртежен момент, додека, поголемиот 3-литарски линиски турбодизел испорачува 330 коњски сили и 700 Nm вртежен момент. Кај бензинците изборот е поголем – тука е E200 со 197 коњски сили (достапен со погон на задните или сите четири тркала), Е300 so 258 коњски сили, Е450 со 367 коњски сили и Е 53 со 435 коњски сили.

За оние кои сакаат да комбинираат сок од диносауруси и струја, тука се плаг-ин хибридните E300 e 4Matic со вкупно 320 коњски сили и 700 Nm вртежен момент, а достапна е и дизелска варијанта со ознаката Е300 de каде системската моќност е 306 коњски сили и 700 Nm вртежен момент. Благодарение на плаг-ин хибридниот систем и соодветната батерија, бензинецот официјално троши само 1.9 литри на 100 километри, додека турбодизелот ќе ја помине истата рута со 1.6, односно 1.7 литри – во зависност од избраниот погон.

Поврзано:   Tјунинг студиото Manhart го изработи моделот V 350

За повеќе информации, посетете го салонот на Мак Аутостар.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.