Дали протекоа првите фотографии од освежениот Peugeot 3008? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Дали протекоа првите фотографии од освежениот Peugeot 3008?

На еден француски форум се појавија првите 3Д-визуелизации од освежениот Peugeot 3008, кој би требало да биде претставен до крајот на годинава.

Според она кое можеме да го видиме на фотографиите, супер-популарниот SUV на Peugeot ќе добие ревидиран преден лик кој повеќе ќе наликува на фантастичниот Peugeot 508. Предните светла се споени со маската на ладилникот, а во нив се интегрирани и препознатливите лавовски заби на Peugeot. Лавовските заби покрај тоа што се дневни светла, ќе функционираат и како трепкачи.

На задниот дел препознаваме дискретно редизајнирани задни светла, затегнат заден баник и поизразени завршетоци на издувниот систем. Промени во профилот нема, а според 3Д-визуелизациите нема да има драстични промени ниту во ентериерот – ќе добиеме нов мултимедијален уред со значително поголем дисплеј, а можеме да ги очекуваме и другите технологии кои Peugeot веќе ги покажа – како на пример 3D i-Cockpit.

Сега за сега нема информации околу погонските единици, но очекуваме Peugeot да ги задржи докажаните PureTech турбо-бензинци, како и BlueHDI турбодизелите. Секако, во понудата ќе остане и плаг-ин хибридниот Peugeot 3008 HYbrid4 кој ние имавме можност да го возиме на почетокот на оваа година.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.