Освежен е салонот на Citroën во Скопје, лансиран е и дигиталниот Citroën Carstore! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Освежен е салонот на Citroën во Скопје, лансиран е и дигиталниот Citroën Carstore!

Салонот на Citroën неодамна доби дискретно, но забележително освежување, а неодамна беше лансиран и дигиталниот Carstore каде можете да ја видите целосната понуда на веднаш-достапни возила.

Францускиот бренд сака филозофијата на своите автомобили да ги преточи и во салоните каде тие се продаваат. Токму затоа, салоните добиваат континуирано подобрување и освежување – за да бидат покомфорни и помодерни, и да понудат пријателска и опуштена атмсофера.

Неодамна салонот на Citroën во Скопје доби такво освежување. На самиот влез ќе Ви биде посакано добредојде и пред да ги разгледате автомобилите можете да седнете во новото, шармантно Citroënist Cafe.

На неколку локации во салонот се поставени нови информативни елементи каде можете да дознаете повеќе за возилата на брендот како и тековните понуди, и секако – можете одблиску да ги погледнете и подобро да ги запознаете моделите на брендот кој неодамна наполни 100 години!

Нашиот објектив забележа неколку навистина интересни детали – на пример, покрај Citroënist Cafe, забележавме и интересни фотографии од историјата на францускиот бренд кои особено ни го задржаа вниманието. Атмосферата е навистина „Citroën-ска“ – пријателска и комфорна!

Дополнително, неодамна беше лансиран и дигиталниот Citroën Carstore. Во овој дигитален изложбен салон ќе можете да дознаете повеќе за новите возила од гамата на Citroen кои се веднаш-достапни. Можете да пребарувате по модел и максимална цена, а потоа да филтрирате по опрема, тип на гориво, пренос… Ја поздравуваме ваквата иницијатива бидејќи навистина го олеснува пронаоѓањето нов автомобил!

Затоа посетете го салонот на Citroën – каде се следат сите препораки за максимална безбедност – или посетете го дигиталниот шоурум на Citroën!

Поврзано:  ПРЕМИЕРА: Citroën ги објави првите фотографии и детали од целосно-новиот C3 Aircross


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.